речник контакт

Велешанец со автомобил удрил во дете во Росоман

Повреденото дете се здобило со тешки телесни повреди

Петар Печков

Велешанец удрил со автомобилот дете во Росоман, кое се здобило со тешки телесни повреди. МВР  информираше за настанот кој се случил во понеделникот претпладне.

„На 7-ми јуни во 10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај Росоман, патничко моторно возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) од Велес, удрило во малолетен пешак од Росоман. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци“ - соопштија од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Кавадарци, по што ќе бидат познати причините за несреќата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »