речник контакт

Велешанец со возилото излетал од пат, пренесен на Клинички во Скопје

Поради карактерот на повредите пациентот е пренесен на Клинички Скопје

Петар Печков

МВР соопшти са сообраќајна незгода, во која велешанец излетал од патот, се здобил со тешки повреди, по што е пренесен на Клинички во Скопје. 

„На 6 јануари во 20.40 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, после приклучокот од езеро Младост, патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.П.(37 год) од Велес, излетало надвор од коловозот“ – соопштија од МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Велес. Поради карактерот на повредите, од таму информираа, дека пациентот е пренесен на Клинички Скопје. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »