Петар Печков
Објавено: вторник, 04 октомври 2022
МВР соопшти дека против велешанец поднеле кривична пријава, за две дела, измама и фалсификување на пари.
„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(37) од Велес, за сторено кривично дело ,,измама" од чл.247 ст.1 и кривично дело ,,фалсификување пари" од чл.268 ст.1 од КЗ. Пријавениот во текот на месец март 2021 година, откако прибавил 12 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, ги употребил во два наврати, пуштајќи ги во промет при купување на мобилни телефони, со што измамил двајца сопственици на мобилни телефони, кои што ги огласиле за продажба своите телефони, а на кои М.И. им платил со фалсификуваните банкноти“ -соопштија од МВР.
Tweet |