речник контакт

Велешанец со товарно возило, удрил пешак во старата Битолска чаршија

Oд увидот треба да се знаат причините за сообраќајниот инцидент

Петар Печков

Вчера напладне, вторник, во старата битолска чаршија било пријавено дека товарно возило управувано од велешанец, удрило пешак, жена која се здобила со скршеници. Деталите од информацијата на МВР.

„На 26 август  во 11:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(44 год) од Велес удрило во пешакот Ј.Д.(69 год) од Битола“ – информираа од МВР.
 
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »