Петар Печков
Објавено: петок, 09 октомври 2020
Еден пациент позитивен на ковид-19 почина на Инфективното одделение од Велешката Болница а почина и еден сомнителен случај, информираа од оваа здравствена институција.
Почина пациентка на 81 годишна возраст од Свети Николе, кој е била примена на Инфективно одделение пред четири дена. Донесен е и пациент на 55 годишна возраст, без знаци на живот, без дишење и срцева реакција. Податокот од матичен доктор е дека е сомнителен на ковид-19, имал покачена температура,последните денови - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница од Велес.
Пост мортем, после смртта, не се зема брис, освен по инсистирање на семејството, според здравствениот протоколи. Починатиот живеел со неговата мајка.
Tweet |