Петар Печков
Објавено: петок, 25 септември 2015
Во четвртокот претпладне додека работел во неговата работилница, велешанецот М. И. (41 год). се здобил со повреда, која му го загрозила животот. Имено додека работел со брусилицата и сечел камен, во еден момент парче метал се откачило и завршило директно во неговото срце.
Веднаш бил пренесен од велешката Болница во Скопски ургентен центар. Таму помош побарале од кардиохирургија, каде биле и доктори од Хрватска кои ги обучуваат македонските колеги. Операцијата која траела неколку часа, ја извршил д-р Јовев.
-Беше поставен на машина за вештачко срце и плуќа преку крвните садови на препоната. Најпрвин се постави на таа машина, ја сопревме срцевата работа, а тоа веќе обилно крвареше бидејќи десната комора беше распарана во должина од 10 сантиметри. Тоа е процедура што се прави со специјална солуција за заштита на срцето додека тоа не работи. Раната ја сошивме што се вели на “ладно” и тоа сега работи сосема добро, изјави проф.д-р Сашко Јовев, кардиохирург во Државната кардиохирургија за ТВ Сител.
По неколку часовна борба , несреќата имала среќен крај. Тешко повредениот по операциајта е во стабилна состојба на интензивна нега и не е веќе на апарати за дишење.
Во моето досегашно искуство и на хирургија досега сме имале 2-3 случаи со површински убод со нож во срцето, но вакво нешто досега немало во мојата кариера, додава професорот Јовев.
Tweet |