Петар Печков
Објавено: петок, 05 ноември 2021
Во дневниот Билтен на МВР е запишано дека вчера, среда 4-ти ноември, во 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека работник се здобил со тешки поврди, на работо место.
„Во клинички центар „Аџибадем Систина“ со тешки телесни повреди бил донесен В.П.(50) од Велес. Според пријавеното, околу 16 часот тој се повредил додека извршувал работни задачи на објект во градба во трговски центар на подрачјето на Гази Баба“.- информираа од МВР
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобил и работник од Свети Николе, вчера еден час по полноќ, додека бил на работа во фабрика.
„На 4-ти декември во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 01.45 часот во фабрика во Свети Николе, додека извршувал работни задачи, П.К.(29) се здобил со тешка телесна повреда“ -соопштија од МВР. За случајот запознаени биле Трудов инспектор и Јавен обвинител.
Tweet |