Петар Печков
Објавено: недела, 29 октомври 2023
Велешанец побегнат од затвор, уапсен е во Кавадарци. МВР со детали за настанот.
„Саботата на 28 октомври во 16.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ш.Ј.(32 год) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено- поправната установа Затвор Штип за до издржување на затворска казна“ - соопштија од МВР.
Лицето било спроведено во установата за до издржување на казната.
фото интернет
Tweet |