Петар Печков
Објавено: четврток, 27 февруари 2020
Средата ноќта,еден час пред полноќ, близу Штип, велешанец бил уапсен откако во неговото возило, биле откриени 40 мигранти. МВР со соопштение за настанот.
На 26.02.2020 во 23 часот на магистралниот пат Штип- Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на патничко возило- комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип. Во близина на село Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти. Возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка - информира од МВР.
По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |