Петар Печков
Објавено: вторник, 04 декември 2012
Царинската управа до Основните јавни обвинителства во Велес поднесе кривична пријави против жител на Горно Оризари кој се товари за „фалсификување исправа” затоа што при увозно царинење на возила приложил лажна фактура, со цел да избегне плаќањето на давачки во полн износ.
Во текот на 2010 и 2011 година лицето, за свои потреби увозно царинел употребувано возило БМВ 520Д. При царинење, пријавениот приложил фактура на која е наведена изјава за потекло, потпишана од странските продавачи, како доказ за преференцијално потекло на возилата, врз основа на што му било одобрено увозно царинење со царинска стапка 0%.
Поради сомневање во веродостојноста на приложената документација и автентичноста на изјавите за потекло во фактурите, Царинската управа на Република Македонија ги испрати документите на проверка до царинските администрации на Германија и Австрија. Царинските служби на овие земји одговорија дека овие фактури, приложени при увозното царинење, не биле издадени од продавачите на возилата.
Царинската управа утврди дека стоката увезена од пријавениот не ги исполнува условите за преференцијален царински третман и изврши дополнителна пресметка за наплата на царинскиот долг. Пријавениот е задолжен да ги доплати избегнатите давачки.
Tweet |