речник контакт

Велешанец украл пари, кога странка подигала од банкомат

Т.П .(33 год) ги украл парите додека оштетениот ги подигал од автомат, во Свети Николе

Петар Печков

Велешанец украл пари од странка, која ги вадела од автомат.   Настанот се случил пред Нова година во Свети Николе. МВР информираше дека  сторител на делото  ,,тешка кражба,,  е  Т.П. (33) од Велес .

Тој на 29 декември минатата година, околу 10,40 часот на ул.„23 Октомври“ во Свети Николе дошол до банкоматот на НЛБ Тутунска банка, каде што стоел отштетниот А.Д. (38) од село Ерџелија за да подигне готовина.  

Во моментот кога излегле банкнотите од апаратот, велешанецот  се приближил до него и насилно ги грабнал парите во износ од 9 илјади  денари.  

По ова веднаш  влегол во патничко возило „Голф 4“ кој било паркирано во непосредна близина на банкоматот и побегнал  во непознат правец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »