речник контакт

Велешанец управувал возило со фалсификувана возачка дозвола, издадена во Бугарија

Велешанецот тврдел дека возачката ја набавил од Бугарија

Петар Печков

СВР Скопје  до ОЈО Скопје поднело кривична пријава за велешанец, кaј  кого при сообраќајна контрола било констатирано дека управува возило и користи фалсификувана возачка дозвола, на Република Бугарија.

„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „фалсификување исправа" по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот, во текот на 2022 година во Република Бугарија набавил фалсификувана бугарска возачка дозвола за управување со моторни возила и таквата фалсификувана возачка дозвола на 12.02.2023, при управување патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, ја дал на увид на полициски службеници кои вршеле редовна контрола. Притоа, било констатирано дека дозволата е фалсификувана“ – соопштија  од МВР. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »