Петар Печков
Објавено: среда, 10 јули 2019
Македонската полиција фатила велешанец како превезува мигранти. Во неговото возило, комбе, биле откриени дури 27 лица, не се наведува од која држава се.
На 09 јули, вторник, во 18.20 часот на клучката Марвинци, гевгелиско, полициски службеници пронашле 27 мигранти во товарно возило „VW LT 35“ со кумановски регистарски ознаки. Возачот Д.Р.(31) од Велес е приведен поради сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава- информирааа од МВР. Мигрантите биле предадени во Прифатниот центар Гевгелија.
Tweet |