Петар Печков
Објавено: сабота, 24 април 2021
Петокот рано утрото, во време на полициски час, велешанец бил фатен на дело како краде во автомобил. Полицијата се сомнева дека ова лице било сторител и на други слични дела.
„На 23-ти април, во 04.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.А.(47) од Велес. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во патничко возило. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Б.А. се сомничи дека и претходно сторил повеќе тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив“ – соопштија од МВР.
Б.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави за тешка кражба и непостапување според здравствени прописи во време на епидемија.
Tweet |