Петар Печков
Објавено: среда, 26 април 2017
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ф.Е. (24) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.
На 21 април годинава околу 23.30 часот во Велес, од страна на полициски службеници, извршен е личен преглед над пријавениот, при што се пронајдени 94,9 грама марихуана и 5 грама хероин.
Од извршениот разговор со пријавениот дојдено е до сознание дека истиот ден сторил кривично дело „тешка кражба“ во куќа во Велес, од каде украл златен накит и пет златни лири, по што со такси возило се упатил кон село Арачиново, скопско, од каде ја набавил наркотичната дрога. На Ф.Е. му е одреден притвор.
Tweet |