Петар Печков
Објавено: среда, 03 јули 2019
По една одиграна сезона во францускиот третолигаш Вернуј, велешкиот ракометар, интернационалецот Тоше Ончев ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој неодамна потпиша за францускиот второлигаш Вернон. Потписот е за една година, со можност да биде продолжен уште една.
Ончев (22 год) кој кариерата ја започна во Борец, игра на позиција лев бек, но и на плејмејкерската позиција.
Минатата сезона 2018/19 екипата на Вернон беше на 11-то место од 14 во Втората француска лига.
Tweet |