Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 ноември 2019
Велешанецот Трајче Илиевски победи на велешкиот полумаратон, кој во саботата се трчаше во Градскиот парк . Тој постигна време од 1:16:21. И второто место го освои велешанец Никола Павлов СО 1:23:28, и двајцата членови на АК ,,Изгрев,,. Трет беше Александар Петров со време од 1:32:54. Илиевски минатата година беше втор на полу маратонот.
Кај жените победи Марија Пеликон со време од 1:38:31, пред Ангелина Панова 1:46:58 а трета беше Клементина Темелковска 2:03.51.
На патеката од 5 км кај рекреативците победи Игор Стојановски со време од 17:42 пред Дарко Темелковски - 19:45 и трет беше Верољуб Додевски 20:57.
Во женска конкуренција победи .Фросина Јордановска со време од 30:55 пред Оливера Ѓорѓиева со истрчани 31:41 и Билјана Иванова со време од 37:47.
Годинава се трчаше 4-тиот велешки атлетски полумаратон, со осетно помал број учесници од претходните години. Го организираа АК "Изгрев" и Планинарското друштво ,,Чеплес" во соработка и поддршка на Општина Велес.
Tweet |