Петар Печков
Објавено: среда, 01 јули 2015
Денис Махмудов (26 год) премина во Левски од Софија. Овој македонски фудбалски интернационалец, кој игра во шпицот на нападот, своите први фудбалски знаења и настапи ги имаше, како роден велешанец, за Борец.
Изминатите сезони Махмудов играше во Холандското првенство, меѓу другото и за Цволе со кого го освои Холандскиот куп, а минатата сезона играше за Спарта од Ротердам, имаше 30 настапи и 14 гола.
Tweet |