Петар Печков
Објавено: вторник, 15 октомври 2019
Велешанецот Гордан Штерјовски стана милионер. Тој ја доби најголемата награда на Државната видео лотарија, Милионер џек пот во висина од 1.617.237 денари.
Добивката ја освоил на 10-ти октомври во една од обложувалниците во градов. Гордан пред неколку дена се вратил во татковината, во родниот град, па ова е дополнително убава причина за славење во неговото семејство.
При врачувањето на наградниот чек, раскажал дека работи на брод, па затоа и многу се израдувал. Со семејството направиле план како ќе ги потрошат парите. Размислуваат да се подноват со нов стан или нов автомобил.
Tweet |