речник контакт

Велешанецот Ѓелев ја промовираше книгата „Човекот без сенка“

Тоа е негово трето дело, овој пат збирка разкази со 18 приказни

Петар Печков

Велешаенцот Ѓоре Ѓелев ја промовираше збирката раскази „Човекот без сенка“. Тоа е негово трето дело, првите две беа поезија. Авторот е софтверски инжинер, кој во создавањето литературани дела нашол своја пасија. Насловот на книгата е модификација на еден од расказите.

„По двете книги поезија, со сменив жанрот, во ова дело има 18 раскази. Тие се напишани во модерен стил, во кои се обработува секојдневнието на обичниот човек и секојдневните настани кои му се случуват, но и го засегаат –  емотивно, егзистенцијално.  Иако сум програмер, одкога помнам сум имал афинитет кон уметноста. Како дете цртав, сликав, инспириран од татко ми кој е наставник по ликовно. Моето секојдение беше допирот со уметноста и таа е дел од мене“ – кажа Ѓелев.

Издавач на делото е Македоника литера. Промотор беше Игор Радев, филолог, лингвист, синолог и преведувач.

„Оваа збирка раскази, е зибрка на вињети од нашето урбано секојдневие. Ликовите кои ги сретнуваме во расказите, ако треба да се опишат со една придавка, тоа е  обични.  Тоа се ликови кои сме ги сретнале во секојдневието, на улица, во кафеана, во автобус, кои сме ги сретнале во огледалото, оти личат на самите нас.  Тоа е моќта на уметничката литература, тие обични ликови, опишани во збирката раскази на Ѓелев, да ги гледаме од едно друго светло, тоа што претходно ни било обично сега е очудувачки. Тоа е моќта на литературата да очудува, главно орудие во преобразувачката моќ“ – изјави Радев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »