речник контакт

Велешанецот Ѓоргиев на врвот на Европа, Елбрус (фото)

Следна цел му е да го освои навјисокиот врв на Африка, Килиманџаро

Петар Печков

Четиричлена македонска експедиција во чест на  Илинден, неколку дена подоцна го развиори македонското знаме, на највисокиот врв на  Европа Елбрус, висок 5642 метри.  Меѓу нив беше  и велешанецот Тодорче Ѓорѓиев  член на ПД Чеплес. предводени од  водичот Живко Темелковски од  клубот Бистра од  Скопје, Тома Лозановски од Ѓорги Наумов од Битола и женскиот дел од екипата Мери Костадиновска од Кожув Гевгелија.

Ова беше малобројната екипа која се радуваше на овој потфат.  Иако беше во среде летна сезона, врвот на планината Кавказ тие го освоиле во екстремно лоши  услови, на минусна температура и со вејавица од снег и мраз.

Според планот на Елбрус требаше да се искачиме на 6-ти август. Но временските услови и прогноза беа против нас.  На базата од 4.800 метри започнаа врнежи од снег,  имаше половина метар нов мек снег, што  го отежнуваше искачувањето, имаше врнежи од снег со силен ветер и замрзнат снег, густа магла, и температура од минус  15 степени.  Затоа побрзавме па врвот го освоивме на 50ти август, околу 7 часот по македонско време, откако тргнавме на полноќ. По седум часа одење во екстремно лоши временски услови, го разоривме македонското знаме  на Елбрус. Задоволството беше големо, ситеа членови од различни градови на земјава заеднички се фотографиравме, по што почнавме со враќањето. И тоа беше мошне тешко – објаснува велешанецот Ѓоргиев.

Ново паднатиот снег и покрил маркациите за патеката, кои иако претходно на искачување биле 30 цм над снегот, сега знаменцата ги немало. Но благодарејќи на искуството на водичот Живко Темелковски, кому ова му било четврто освојување на овој врв, успеале безбедно  да се вратат во базниот логор.

Кога стигнавме таму, во логорот  на 4,2 илјади метри имаше повеќе групи планинари кои се обиделе да се искачат, но не успеале Па сите  заедно во колона, еден по еден повторно низ густа магла,  се спуштивме на следниот логор на 3,8 илјади метри.  Тоа траеше цели 14 часа, кои беа вечност, но со голема круна за сите нас, освојување на кровот на Европа, највисокиот нејзин врв – додава Тодорче.

Тој како негова следна цел  го посочува  освојувањето на Килиманџаро, највисокиот врв на Африка, откако минатата година го освои  врвот Дамаванд во Иран,  највисокиот вулкан во Азија со височина од 5671 метар.

Паѓањето на ,,железната завеса,, во Европа ги помести и географските вредности на ,,Старата дама,, . Ако до 90-тите години на минатиот век најдолга река во Европа беше Дунав, сега е Волга со 3,7 илјади км. Највисок врв е Елбрус 5642 м на Кавказ, наместо Монт Блан а и географскиот центар од близината на Париз се дислоцира во близината на Вилнус – Литванија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »