речник контакт

Велешанецот Амбарков судеше во одбојкарската Евро лига

Освен што им судеше на најдобрите одбојкарски Европски селекции, со помош на Амбарков ќе имате единствена можност да го видите најголемиот музеј на ролјс-ројс во светот, во австриски Дорнбирн

Петар Печков

Велешкиот одбојкарски судија Орданче Амбарков  овој викенд делеше правда во Австрија каде се одиграа последните шест  натпревари од ,,Б,, групата. Тој беше главен на средбата  Холандија – Австрија(3:0) и втор судија на Чешка – Австрија (3:0) и Холандија – Чешка ( 3:1).

Од овој турнир на финалниот кој следната седмица ќе се одржи во Анкара оди Холандија како победник, домаќинот Турција а од ,,А,, групата победникот Шпанија и второпласираната Словачка. . Освен што судеше Амбарков заедно со неговите колеги имаше можност да го посети најголемиот музеј на ролјс ројс во светот. На патување за Цирих Орданче леташе заедно со хрватската скијачка ѕвезда Јаница Костелиќ.

 Амбарков десетина години го носи амбелмот меѓународен судија ан ЦЕВ. Има судено  во Цев купот и Челенџ, во машка и женска конкуренција. Суди и меѓународни средби од квлафикациите за Европското првенство во машки и женски селекции, и од Евро лигата во машка и женска конкуренција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »