речник контакт

Велешанецот Благој Ламјов

Велешанецот Благој Ламјов победи на престижниот натпревар на класична музика за инструментот кларинет, кој се одржа во Чикаго САД.

Петар Печков

Велешанецот Благој Ламјов победи на престижниот натпревар на класична музика за инструментот кларинет, кој се одржа во Чикаго САД. Тој е студент на Музичката академија на Универзитетот Лунд во Малме – Шведска а победи на натпреварот на Barnett Family Foundation и потврди дека Македонија има свои млади амбасадори на културата во светот. Во конкуренција на 40 натпреварувачи од целиот свет, некои студенти, други професионалци, сите на возраст од 21 до 31 година, Ламјов го освои победничкиот чек  но и ја прослави Македонија во САД и Шведска, каде е дочекан со пофалби.

\"\"

- Ова беше најголемиот ден во мојот живот. Пред избраната публика свирев со посебен емотивен набој, бидејќи ова се случува еднаш во животот. Можев да забележам по изразот на нивните лица дека ја освоив публиката, која не трепна со ниту еден дел од телото кога ги свирев најтивките делови од делата. Концертот беше исцрпувачки, се чувстував како да не сум спиел два дена, бидејќи мускулите на усните попуштија по толку напор – вели Ламјов.Тој настапил со дела за соло кларинет од Игор Стравински, Фантазија за кларинет и пијано од Роберт Шуман и дело напишано специјално за натпреварот од Тереза Мартин. По концертот му пристапил познатиот светски кларинетист Лари Комбс и го пофалил.

- Неговите зборови неа „Браво, Фантастичнн кларинетист“ што за мене е повредно од парите кои ги добив за првото место. Ова е голем ден за мојата кариера – објаснува Благој, кој освен 9 илјади долари добил можност наредната година да одржи неколку солистички концерти во Чикаго САД. По враќањето на Универзитетот во Малме во Шведска, бил пречекан со транспаренти ,,Добредојде дома,,  а од Факултетот добил награда стипендија. За него пишувале и тамошните медиуми кои не штеделе комплименти. Натпреварот на Barnett Family Foundation се одржува секоја година но за различен инструмент. На него учестуваат музичари кои се поканети од страна на 20-тина професори и изведувачи, кои имаат право да номинираат по двајаца кандидати.

Ламјов бил поканет меѓу нив, по предлог на професорката Елза Лудвиг Вердер од Универзитетот од Мичигнен САД. Испратил снимка од 20 минути на која изведува дела  во живо без никакви дотерување и исправки. По ова бил селектиран во финалето, каде настапиле тројца музичари  а тој победил. Благој, кој студира во Малме четири години, нестрпливо чека да се врати дома и се претстави пред домашната јавност со концерт.

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »