речник контакт

Велешанецот Коцевски победи во кик бокс 91 и повеќе кг

Државно изборно првенство фул контакт

Петар Печков

Во категоријата +91 кг од фул контакт, Јане Коцевски член на клубот Будо од Велес победи на државното изборно првенство. 

Викендов во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се оддржа сениорско државно изборно првенство за дополнување на кандидати на членови на македонскатарепрезентација во кик бокс.  Сениорите се натпреваруваа за место во репрезентацијата на Македонија која ќе земе учество на Европските првенства во октомври во Шпанија и ноември во Словенија.

Техничката  организација  беше на клубот „Будо“  од Велес, а од комесарот на натпреварувачката комисија Арбен Јонузи доби високи оценки за покажаната организација.

Учествуваа 40 спортисти од 16 клуба, кои се натпреваруваа во дисциплините и тежинските категории од кик бокс спортот.

Селекторот Дејан Митровски-Урко наредниве денови ќе го објави списокот на кандидати за доплнување на членови на репрезентација кои ќе се подготвуваат за европските  првенства.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »