речник контакт

Велешанецот Митковски последен на СП во орање во Хрватска

Слаби резултати на македонските шампиони во орање на Светското првенство

Петар Печков

 Македонските натпреварувачи на Светското Првенство во орање, кое се одржа во Биоград на море, Хрватска  се најдоа на дното. Драган Манев од Паликура Кавадарци  во конвенционалното орање беше претпоследен 28-ми од 29 натпреварувачи, зад него беше претставникот на Косово а победи Шкотот Ендрју Мичел џуниор, пред Ајмон Трејси од Република Ирска и велшанецот Еван Воткин.

Во категоријата реверзибилно орање Горан Митковски од велешко Караслари  беше последен 33-ти а победи  Французинот Ив Тиево, пред  Шкотот Ендрју Мичел и Шпанецот  Луис Буч Таратас. Причината за ваквиот пласман според нашите учесници е што орале со супер модерни трактори, на кои тие можеле да вежбаат само два дена пред почетокот на официјалниот дел од првенството. Тоа било премалку за да ги запознаат техничките можности но и да го совладаат управувањето со овие најнови  модели  трактори, каде се било компјутеризирано.

Македонските трактористи учествуваа преку  Народна Техника на Македонија и Сојузот за техничка култура во стопанството на Република Македонија. На СП во орање учествуваа 31 земја а следното СП е до година во Канада. Македонското државно првенство  за трактористи е  во средината на   овој  месец во Пробиштип.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »