Петар Печков
Објавено: петок, 12 април 2019
Со одлука на вчерашната седница на УО на ФФМ, Лaзар Ракиџиев од Велес е назначен за потпретседател на Фудбалската Федерација на Македонија.
Велешанецот го пополнува тоа празно место во раководството на Федерацијата откако Муамед Сејдини стана прв човек на ФФМ.
Инаку досега Ракиџиев беше член на Управниот Одбор на ФФМ.
Претседателот на ФФМ Муамед Седјини во Лазар Ракиџиев ќе го има еден од најблиските соработници во раководењето со Фудбалската Федерација на Македонија.
Tweet |