Петар Печков
Објавено: недела, 29 март 2026
Македонскиот музичар и композитор, велешанецот Сашко Костов заедно со бугарскиот автор Јавор Карагитлиев ја добија наградата „Икар“ за најдобра авторска музика во претстава, создадена во театар во Бугарија.
Таа е национална награда на Сојузот на Бугарските артисти кое доделува признанија во 52 категории. Наградата на Костов му беше врачена на 27 март Светскиот ден на театарот, во националниот театар Иван Вазов во Софија. Костов заедно со Карагитлиев добија награда за авторскта музика за претставата „Вљубениот дирижабл“, режија на Дијана Добрева, продукција на Драмскиот театар Николај Масилитинов од Пловдив.
Според образложението авторите Костов и Карагитлиев беа наградени за нивниот уникатен звучен печат во театарската претстава. Со ова признание Костов ја потврдува позиција како еден од најкреативните и најплодните композитори во регионот, со неговиот специфичен спој на електроника, живи инструменти и вокали.
Првата честитка стигна од колегите од велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“ каде тое е вработен.
„Честитки за нашиот Сашко Костов! Овој „Икар“ е само потврда дека неговиот талент нема граници“.
фото ФБ Сашко Костов
| Tweet |




