Петар Печков
Објавено: среда, 11 ноември 2026
Правосилно осудениот велешанец Стефан Димовски (29 год) кој од март е во бесгство и по седум месеци не е лоциран каде се наоѓа, ниту е приведен на издржување на казната затвор. Тој како првообвинет во случајот со сексуалната залоупотреба на дете под 15 години, беше осуден од Апелација на 8 и пол години затвор, со што му беше зголемена првостепената казна изречена од 5 и пол години од Основен кривичен суд Скопје.
Нему му беше изречен и домашен притвор за што положи гаранција од 70 илјади евра. Како мерки за претпазливост не можеше да го напушта местото на живеење. Но откако во круговите на осудените пролетва се дознала повисоката затворска казна изречена од Апелација а пред нејзиното јавно објавување, Димовски изчезна.
„
Во Основен суд Велес заведен е предмет против осудениот Стефан Димовски за продолжено кривично дело Трговија со дете. За осудениот од страна на МВР на РСМ Велес на ден 03.04.2026 година издадена е наредба за негово приведување па откако осуденото лице не е пронајдено распишана е централна потерница на ден 08.04.2026 година и истовремено е поднесено барање за поведување на екстрадиционата постапка. На ден 21.04.2026 година од страна на судијата за ивршување на санцкии доставена е изјава до МВР СВР Велес по што е распишана меѓународна потерница на ден 04.05.2026 година од страна на Интерпол Скопје. Постапката е во тек“ – ифнормира судијката Сања Велевска, портпарол на Основен суд Велес.
Полицијата нема информации каде се наоѓа осудениот, дали е во земјава или побегнал надвор, иако пасошот му беше одземен.
„Ве известуваме дека МВР презема соодветни мерки и активности за негово пронаоѓање“ – соопштија од МВР.
Во образложението при првостепенета пресуда, зборовите на судијката Даниела Димовска остануваат за ѕвонат.
„Чинија полна со неограничени количини кокаин стоела на маса пред младите. Треба да се запрашаме дали тие имаат контрола, дали знаеме каде се движат малолетните, дали кокаинот е единственото нешто што ги прави среќни, дали родителите знаат што се случува со нивните деца и дали тие можат да создаваат здрави врски кои ќе градат здрави фамилии? Ова се прашања за цело општество“, рече тогаш судијката Димовска.
Димовски како првоосомничен, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето-жртва им овозможил на останатите 11 обвинети да вршат полови дејствија со жртвата, по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со 15 годишното девојче-жртва на трговија со луѓе и по неколкунеделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе ѝ наштети на нејзината чест и углед. На овој начин, прво осомничениот го принудувал детето-жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес.
| Tweet |




