речник контакт

Велешанецот Тони Тодоровски научник истражувач во Институт во Барселона

Заедно со колегите од IRB Barcelоna работат на лек за ретки болести

Петар Печков

Велешанецот Тони  Тодоровски е дел од научниот тим на истражувачи   на Институтот за Биомедицински истражување    во   Барселона, Шпанија (IRB Barcelоna).  По завршувањето на Природно математички факултет отсек хемија во 2004-та заминува од Велес и неговиот научен развој го проширува во Лајпциг Германија и Барселона Шпанија.   Тој со своите 36 години постигна да биде научник, кој работи на лек за ретки болести.

Како животниот пат Ве  донесе во Барселона?

Таму сум од 2012-та дел од Научниот институт  за био-медицински  истражувања. Работам како пост –докторант, рисрч асистент во групата  на професор Ернест Жиралд). Тој е  еден од водечките   стручњаци во светот за пептиди и протеини.  Проектите на кои работиме се апликативни, или тоа е синтеза на нови соединенија за лечење на разни болести, кои го зафаќаат мозокот, дегенеративни болести, како што се Алцхајмеровата Паркинсова болест и ретки болести – Фридрих атаксија болест (Friedreich’s ataxia, FA).    Проектот во кој јас сум вклучен и работам вклучува нов пристап во обидот да се најде лек за оваа многу ретка болест.  Имено нашата група е фокусирана на синтеза на одредени, специфични секвенци од пептиди за кои  веруваме дека имаат капаците да ја поминат ефективно мозочната бариера и д а помогнат во третманот на ФА болеста. Таа најчесто   се е манифестира кај децата до пет годишна возраст, a може да се појави, што е многу ретко  кај 20 годишници.   Карактеристично за болеста е тоа што одреден протеин,  фратаксин  не се синтетизира доволно,  по  што децата ги губат нивните моторички способности и не можат да се движат. Подоцна    срцевиот мускул ја губи способноста да работи по што починуваат. Како  што споменав проектот во кој работам опфаќа синтеза на разни соединенија пептиди, како тие  влијаат, дали може  да го надоместат дефицитот на  тој протеин  кој недостига, со цел да се најде нов третман. Таков засега не постои, има неколку лекови  во напредни  истражувачки фази, меѓутоа конкретен официјален одобрен лек за оваа болест не постои.

Да се вратиме назад, на твоите почетоци во Велес. Кое образованиe го оформи?

Основно завршив во Џинот, Гимназија Кочо Рацин  па на ПМФ -  наставна хемија. По дипломирањето во 2004-та запишав  магистерски студии при Институтот за хемија. Тогаш имавме соработка со Универзитетот во Лајпциг Германија и имаше можност студенти  кои се на магистерски студии да патуваат  на еден семестар во Лајпциг. При тоа сите испити положени таму, беше договорено да бидат признаени во Скопје,таков  договор имаа двата Универзитети. Јас ја искористив таа можност престојував  во Лајпциг, беше прекрасно искуство  каде го запознав мојот иден ментор  проф. Ралф Хофман со кого продолжив да работам  на докторските студии. 

Дали на ПМФ имаше просек,  кој навестуваше какво животен пат ќе имаш?

Имав просек од 8,5 во тоа време не се навестуваше дека ќе го фатам овој пат. Мојата животна пресвртница беше запишувањето на магистерските студии кај проф. Методија Најдовски. Кај него се запознав со истражувачката работа, тој ми помогна да сфатам што е  научно – истражувачка работа и ја засакав. Единствена непозната беше во која област ќе продолжам .  Сакав да работам со протеини и пептиди, но тогаш во Македонија немаше таква можност. Бев заинтересиран и во биоаналитичка хемија. Кога заминав за Лајпциг, во тамошните лаборатории, веднаш сфатив што сакам. 

По завршувањето на магистратурата, како  продолжи твоето образување?

Аплицирав за стипендија во ДАAД -  германска организација која нуди стипендии за магистерски и докторски студии. Ја добив таа докторска стипендија и заминав за Лајпциг. Германскиот начин на работа е  многу различен од тој овдека. Тие ја цената индивидуалноста, ви кажуваат како функционираат работите, се посветуваат на Вас првите денови  потоа  остават  сами да се снаоѓате и работите. Тоа придонесе да си го развијам својот карактер и индивидуалноста. Научив како самостојно да живеам, работам, да се борам со различни битки во  животот. Во Македонија и додека студирав и додека работев имав голема помош од професорите, асистентите, па индивидуалноста не доаѓа  до израз. Навикнати сме секогаш кога  ќе се соочиме со проблем, некој друг да го најде решението, не ние.   Во Германија работиш сам, сам бараш решение, некој не помага, ако не  знаеш, не можеш - откажи се. 

По завршувањето на докторскиот дел, каде продолживте?

Имав повеќе можности каде ќе продолжам. Но тогаш веќе бев оженет па со сопругата  Маринела планиравме заедно. Професорот  Хофман ми понуди да останам, потоа да барам работа во компанија или да се оди на друго место.   Имав среќа што добив работа во Ханофер –Германија и стипендија во Барселона Шпанија. Решивме дека по пет години минати во Германија време е да промениме средина, да видиме како функционираат работите во  Шпанија.   Тоа беше ноември 2012-та.

Каков е приватниот живот на Тони и Маринела, надвор од работните обврски?  

По работа одиме на прошетка, фамилијарно. Барселона е преполна  со паркови, фонтани. Излегуваме со мои и колешки  на сопругата. Преку викенди  во лето на  плажа, во останатиот дел од годината прошетки по планини. Има неколку македонски фамилии во Барселона, една велешка. Со нив ретко се гледаме. 

Дали сте навивач на ФК  Барселона?

И претходно бев, иако имав симпатии кон два клуба кон Манчестер Јунајтед и Барселона.  Секогаш кога имам можност ја  следам ФК Барселона на Ноу Камп.      

Како го доживувате Велес и луѓето во него , кога доаѓате еднаш годишно во градот?

Не е променет градот. Да не бидам негативен но  луѓето се променети, културното ниво кое го имаа кога заминав во 2004-тата, сега е пониско, паднато. Тоа ме разочарува. Пријателите останаа од средно. Често доаѓаат во Барселона на гости и мило ми е за тоа.   

Тони со   сопругата Маринела,  имаат ќеркичка на возраст од 2 години Калина. Сопругата Маринела  работи во Барселона во ИТ компанија.  И двајцата се пронаоѓаат во Барселона. Им  се допаѓа тој   начин на живот, шпанскиот менталитет, кој е многу близок до нашиот. Ќерката е родена во Шпанија, имаме доста пријатели таму и не се гледаат засега  на друго  место.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »