Петар Печков
Објавено: сабота, 04 јули 2020
Затвореникот од Идризово не може да прецизира од кого заболел со корона вирус, соопштија надлежните од велешкиот Центар за јавно здравје. Велешанецот кој отслужува казна затвор, во четвртокот го добил резултатите дека е позитивен на ковид-19, откако на 30-ти јуни,во вторникот, се пожалил дека има повишена температура, по што му бил земен брис.
Му извршивме епидемиолошка анкета и тој не може да посочи дека се сретнал со некој кој бил позитивен или лице кое било во изолација, или било кој сомнителен случај. Средбите кои ги имал додека бил на викенд отсуство дома во Велес, биле кратки, така што не може да каже од кого станал позитивен на ковид-19 - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес, каде бил истражуван овој случај.
Затвореникот бил на возраст од 50 години и е пуштен на викенд во периодот од 24-ти до 27-ми јуни. Поради него, од Центарот соопштија, дека има лица со кои бил во контакт, тие се во самоизолација а затвореникот се наоѓа во Затворот Идризово.
Tweet |