речник контакт

Велешани на највисокиот врв на Африка,на планината Килиманџаро (фото)

Тодорче Ѓоргиев и Љупчо Ѓоргиев се искачија на врвот Ухуру висок 5.895 м

Петар Печков

Двајца велешани беа дел од петочлената експедиција, која се искачи на највисокиот врв на Африка, Ухуру, висок 5.895 м деновиве. Тодорче Ѓоргиев и Љупчо Ѓорѓиев, членови на ПД Чеплес. заедно со  Наташа Бошковска од ПСК МУрато Битола, Горан Срезовски и Димитар Поповски од  ПСК Бистра Скопје,    беа дел од  екипа на високо-горци која  се искачи на планината Килиманџаро.

Тие имаа ретко задоволство од  снежниот врв да уживаат во   зелените предели на Африканскиот континент. Од седумте рути преку кои се стасува на највисокиот врв на Африка, петочлената македонска, се решиле за рутата наречена Мачаме. Патешествието  траело 12 дена, кога од питорескни предели на африканските савани, преку сафари парковите се искачиле на врвот кој бил под снежна покривка.    

Највисокиот врв на Африка го освоивме во 6,30 часот на 22 јануари, заедно со изгрејсонцето. Имавме единствен, прекрасен поглед од кровот на Африка  кон нејзините зелени и жолти   предели.  Тоа беше  награда за четиридневното накиснување. Следеше и развејување на македонското знаме. Се вративме по друга аптека, не по таа по која го искачивме врвот - објаснува  велешанецот Тодорче Ѓоргиев, еден од  петочлената експедиција која го освои врвот Ухуру.  

Патешествието  го започнале од првиот логор  на висина од 1,8 илјади метри, кога морале да се искачат до Мачаме кампот на 3 илјади метри н.в. 

 Првата релација која моравме да ја минеме беше по исклучително силен дожд,  низ густа шума кој Африканците ја викаат  дождовна. Овој предел наликуваше на џунгла. Миневме пат од 11 км. која релација за пешачевме за 6 и пол часа. Ноќта ја минавме во шатори на височина од 3 илјади метри со ситен дожд - додаде Тодорче.

За да можат да се искачат на овој  врв, петочлената експедиција морала да прими вакцина против жолта треска, како и лекови против маларија.  Следниот ден требало да се изоди патека висока  800 метри, до кампот Шира. Таа била низ ниско стеблеста шума и повторни со дожд.   Третиот ден  во искачувањето, бил исклучително важен за аклиматизација.

На овој ден требаше да се искачиме на 4.650 метри н.в. за потоа д се симнеме на 3950 метри. Едно од  најважните правила при искачувањето на врвовите е за аклиматизација, приспособување на организмот на новите животни услови  а тоа е ,,качи се повисоко, спиј пониско,,.  И овој ден имавме дожд, кој ни правеше друштво и ни го отежнуваше   движењето. Како се искачувавме повисоко, така тој стануваше се посилен. На 4,250 метри не знаевме што врне, дожд, лапавица, снег, бидејќи го имаше се заедно на  моменти. Стигнавме на котата 4.650  каде врнеше силен снег и веднаш назад кон базата на 3.950 м.  поради тоа што бевме накиснати од врнежите. Искачувањето до Лава тауер и назад до кампот Баранко траеше 8 и пол часа - додава Љупчо Ѓоргиев исто така велешанец и член на оваа експедиција.

Четвртиот ден е претпоследен од рутата кон врвот на планината Килиманџаро. Оваа релација се одликувала што движењето е по угорнина, удолница, повторно угорнина, со  високи амплитуди и висински разлики. Искачување до 4.250 метри, симнување на 3.650 м. движење по терен прекриен со лава, од изумрениот вулкан.

Среќна околност овој ден  била што времето се расчистило, дожд и облаци немало. Па затоа, како награда  имале одличен поглед  кон долината Каранга и реката. Потоа продолжило искачувањето по исклучително тежок предел, на замрзната лава, со мраз кој се создавал од врнежите.

По девет часа одење стигнале на последниот камп Барафу, на 4.650 м. Имале краток одмор и  на полноќ тргнале за освојување на врвот Ухуру. За реализираното добиле сертификат во градот Моши. На враќање и дводневно сафари низ Африканските предели, фотографирање за спомен со  носорози, слонови, жирафи, тигри... Така завршила без малку двонеделната експедиција, која нејзините членови  ја нарекле ,,авантура Африка,,.                 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »