речник контакт

Велешани бараат желенички стојалишта во градот

Велешани бараат на неколку локации во градот, ЈП Македонски Железници да постави постојки за патниците.

Петар Печков

Велешани бараат на неколку локации во градот, ЈП Македонски Железници да постави постојки за патниците. Со ова тие сметаат дека ќе се зголеми бројот на патниците а нив ќе им се намали времето за да стигнат до Железничката станица. Секојдневно повеќе од илјада патници од Велес патуваат со воз, што ова нивно барање го прави оправдано.

- Низ градот има три пруги во три правца, кон Гевгелија, Кочани и Битола и убаво би било на еден дел од нив да се постават стојалишта. Така ќе ни биде поблиска услугата на железницата а таа ќе има поголем број патници. Вака сме приморани да патуваме и по неколку километри додека стигнеме до станица, што ја зголемува цената, бидејќи користиме такси или градски – велат велешани. Тие посочуваа на случајот со село Зелениково, каде на мало растојание до станицата Јане Сандански има две стојалишта, кои се отворени по барање на патниците. Од ЈП Македонски Железници – Транспорт, го знаат проблемот и веќе ги извршиле потребните испитувања.

- Во право се потенцијалните наши патници кои сакаат да бидеме поблиску со нашите услуги, преку отварање на стојалишта во Велес. Но технички не е можно, бидејќи градот има лоша конфигурација на теренот – велат од ЈП МЖ Транспорт. Тие посочуваат дека во правецот кон Кочани пречка е Железниот мост и угорнината, во правец на Битола проблем е тунелот кој не дозволува да се отвори стојалиште и во населба Превалец, додека кон Гевгелија во реонот на Долни Дуќани проблемот се бројните рампи на железничките премини и можноста тие подолго време да бидат спуштени доколку таму се лоцира стојалиште.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »