Петар Печков
Објавено: петок, 02 ноември 2012
По заминувањето во пензија на д-р Милица Јовановска специјалист за кожно болести амбулантата е празна. Нема доктор, но има пациенти. Тие што доаѓаат наоѓаат на затворена врата и посредна информација од соседството дека нема кожен лекар. Така околу 55 илјади жители во општината се без ваков медицински третман.
Како е можно половина година да нема кожен лекар. За се и сешто мораме да патуваме до Скопје. Тоа се дополнителни трошоци кои го оптоваруваат скромниот домашен буџет. Треба овој проблем со недостаток на стручен кадар да се реши- велат велешани. Од велешката Болница ветуваат дека тоа ќе се стори, но не прецизираат кога.
Разговарав со колегите од Скопје и договорено е да доаѓа лекар специјалист два пати неделно. Останува само на правната служба да најде начин како правно да се реши состојбата – вели д-р Атанас Василев в.д директор на ЈЗУ Општа Болница.
Тие имале доктор специјализант кој завршил но поради породилно истата не ќе може некое време да доаѓа на работа. По заминувањето во пензија д-р Милица Јовановска понудила таа пензијата да ја стави во мирување и да работи хонорарно, но овој предлог не бил прифатен. Така велешани сега се без кожен лекар, проблем со кои освен пациентите се судрува и медицнскиот кадар во Велес.
Tweet |