речник контакт

Велешани го оставија ѓубрето на Долна Бабуна и Пешти, дојдоа извидниците од Штип па го исчистија

Еко акција ја именувале „Бабуна заслужува подобро“

Петар Печков

Викендов младите членови на  Извидничкиот одред „Еквинокс“ од Штип биле во посета на долна Бабуна и месноста Пешти. Освен на прошетка, тие извеле и еко акција во која учествувале и нивните родители,  а  ја именувале  „Бабуна заслужува подобро“  откако виделе колку ѓубре има таму, резултат на несовесните посетители, повеќето велешани ова лето. 

„Оваа недела направивме прошетка низ Пешти, едно од најубавите и најнеобичните места во Македонија, и направивме мини ЕКО акција на Бабуна. Собравме повеќе вреќи отпад- пластика, стакло, лименки… Работи што немаат место покрај река каде што живее белоглавиот мршојадец и каде над нас стојат пештерски цркви стари над 600 години. Пешти е наше наследство, природно и културно. Да го чуваме заедно: кога одите на прошетка, носете си го отпадот назад со вас“  порачаа од ИО „Еквинокс“.

Тие изразуваат благодарност до сите извидници учесници, до нивните родители  и на Жаре чуварот на Пешти Бабуна. 

фото Извидничкиот одред „Еквинокс“ Штип

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »