Петар Печков
Објавено: сабота, 23 мај 2009
Велешани да си набават заштитни маски или државата да распише тендер за секој жител на градот да има дома по една, за секој случај, пред рестартот на Топилницата. Ова на прес конференција го порачаа од Еколошкото друштво \"Вила Зора\" најстарата невладина организација во земјава со зелен предзнак.
Се надевам дека ова нема да биде нашата реалност, дека животот на велешани нема да биде со заштитна маска. Петнаесет години од нашата рабтота се боревме и ги потрошивме за подигање на еко-свеста кај граѓаните и укажување на штетните последици од работата на Топилницата, за еве сега да мораме тоа да го повторуваме – изјави Војче Димовски член на ЕД Вила Зора, која деновиве слави 20 години од постоењето. Нејзините членови објаснуваат дека наместо големиот јубилеј да го одбележат во еколошки чистиот Велес, тие повторно ќе мораат да алармираат на последиците од работата на некогашниот индустриски гигант на обоената металургија. Тие ќе поднесат предлог за промена на Законот за животна средина, поточно на условите за добивање на \"А\" интегрирана дозвола.
Несфатливо е како е можно за добивање на дозвола на работа на свињарска фарма да се бара таа да биде оддалечена најмалку 500 метри од последната куќа од населеното место, а голем загадувач како Топилниицата да постои среде град. Затоа ќе бараме промена на овој услов – изјави д-р Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора. Тие не ја признаваат продажбата и новите сопственици на Топилницата и се подготуваат тоа да им го кажат на дело на денот кога Одборот на доверители ќе го потпишува купопродажниот договор помеѓу МХК Злетово во стечај и новиот сопственик \"Метрудхем\" .

Tweet |