речник контакт

Велешани жестоко реагираат за гласната музика во сите делови на градот, полицијата досега констатирала само две прекpшувања

Поводите за гласна музика биле различни, но музиката се слушала од утро до доцна во ноќта

Петар Печков

Бројни се реакциите на граѓаните од стариот дел на Велес и од левата и од десната страна поради гласната музика од разни веселби кои таму се случуваа изминатиот  период. Поводите биле различни, но музика се слушало од утро до доцна во ноќта. Повод и не требало многу, а за веселбите уште раскажуваат жителите на овој дел на градот.

„Музика трешти, разглас како за на стадион, не за дома. Бараме чаре, спас, сите креваат раце. Молиме да застуде па ќе престане гласната музика. Никој не не штити“ – велат велешни кои живеат во стариот дел на градот.

Тие реагирале до градоначалникот Марко Колев за ваквата состојба. Тој решението за проблемот го посочува кон  полицијата.

„Имам барања за свадби, за сунети, на отворено, на јавна површина но немам дадено ниту една дозвола за веселба. За ова засегнатите граѓани, треба да реагираат до полицијата по основ на  гласна музика“ – кажа  Колев.  

Од полицијата објаснуваат дека тие овој период имале само два случаи на гласна музика, за што поднеле прекршочна пријава.

„Во временскиот период од 15 април до 30 септември  година, на подрачје на град Велес има вкупно девет пријавени поплаки за гласна музика. Од пријавените поплаки за гласна музика за шест  пријави не е констатиран прекршок, за една пријава има предупредување, а поднесени се дев пријави за гласна музика од кои една во угостителски објект и една во изнајмена куќа за забава“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

На ова станарите од станбениот блок спроти Гимназијата, каде се сместени кафитериите, имаат свое објаснување.

„Пријавуваме дека има гласна музика до полицијата, кога таа ќе помине пред кафитериите, тие ја стишуваат музиката. Кога ќе дојдат кај нас дома и ќе измерат, покажува дека нема гласна музика. Последно време кога реагираме не ни доаѓаат, велат била лажна пријава, немало гласна музика“ – велат станарите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »