речник контакт

Велешани кренаа глас, доста е од возачите тирани кои лудуваат по улиците на градот

На местото од саботната сообраќајка, велешани се собраа да оддадат почит, но и да го искажат незадоволството од брзото возење на одредени возачи по улиците на градот

Петар Печков

Со собир на местото на несреќата, велешани оддадоа почит на 11 годишното девојче, кое трагично го загуби животот, саботата вечер, во сообраќајка на пешачки премин.

Девојчето било со нејзините родители, на пешачкиот кај ОУ Васил Главинов, таткото веќе стапнал на тротоарот, мајката била при крај, заедно со ќерката. Автомобил бел мерцедес, управуван од А.Н. (29 год) кој е во бегство, удрил во мајката и ќерката . Емоциите кај велешани се полни со сочувство, тага, но и очај за изгубениот млад живот.  

„Доста е од тиранија на насилните млади шофери, кои на оваа улица, сега Борис Трајковски, лудуваат. Тие знаат кога има одмор од часови и пред децата од школо, кои купуваат храна,  како фазани се покажуваат. Возат брзо, дрифтуваат. Релацијата им е од доле кај крстосницата кај Маслодајна до споменикот на Бауман. И се вртат во круг, да бидат видени, недокажани и незрели  млади „мангупи“ - вели сосед од блиската зграда.

Според повеќето жители од оваа локација решението е едно, поставување на т.н. „легнати полицајци“.   

Возилото бел мерцедес е пронајдено, но не и неговиот возач, во критичната вечер, за кој полицијата го сомничи А.Н.

„Кој тоа го научи злосторникот дека треба да се крие неколку дена, додека не мине присуството на алкохол и опијати во крвта. Некој го има подучено“ - вели велешанец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »