Петар Печков
Објавено: петок, 07 август 2015
Во локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес двојно е зголемен бројот на читатели кои позајмуваат книги. Од библиотеката информираат дека причина за тоа се годишните одмори, но и фактот што се поголем број граѓани сакаат да читаат книги.
Читателите се повеќе ги читаат најновите светски наслови. Се чита од љубовни романи за на плажа до крими романи трилери и бетселери, а читателите во одделот за возрасни се од 15 до 80 години- изјави библиотекарката Снежана Гиновска.
Моментално во одделот за возрасни има 1.414 членови, а во одделот за деца 1.256 членови. Децата, пак, најмногу читаат лектири но и возбудиви романи како Хари Потер, тинејџерски, авантуристички и други книги од светски познатите автори, а се читаат и домашни автори.
Велешката библиотеката, која е најстара во Македонија, располага со повеќе од 10 илјади книги, континуирано се набавуваат најнови светски бестселери и постојано го збогатуваат книжниот фонд.
Tweet |