речник контакт

Велешани лидери во Македонија, по вакцинирање на децата

Процентот е 92 отсто на вакцинирани деца од претшколска и школска возраст

Петар Печков

Според процентот на вакцинирани деца Велес е на врвот во земјава. Ова го покажуваат бројките, со кои се гордеат вработените во Службата за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца.  Првата вакцина која детето ја прима  е БСЖ 24 часа по раѓањето  а   последната е  на 18 годишна   возраст.

Високиот процент се должи на свеста и едуцираноста на родителите за важноста на вакцината за здравјето ан нивните деца.  Во 2016-та година вакцинацијата  на децата во општините Велес, Градско и Чашка, кои ги покрива ЈЗУ Здравствен дом Велес е спроведена со висок процент на имунизација. Сите вакцини и ревакцини кои децата ги примаат според Календарот за имунизација на Р М е на 90%. Мал е бројот на тие што добиваат да ги вакцинираат своите деца – изјави д-р Петре Костов.

Така против ДТП (дифтерија, тетанус, пертусис) Хапатитис Б и Хемофилус инфлуенца Б, детска парализа, сите три дози вакцинирани деца се со 92% а ревакцинира со истите вакцини се 94,3 отсто деца.  Вакцини против ММП (морбили, рубеолоа, паротитис) е реализирана со 92,7 проценти на деца. БЦГ вакцината ја примиле 94% деца.   Вакцинирањето се врши во просториите на службата за превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца, како и во населените места Горно Јаболчиште, Градско, Чашка и Бузалково во просториите на тамошните амбуланти, во училиштата во градот и селата, а вакцинирањето е од страна на превентивните служби.  

Велес е лидер по вакцинацијата на децата  во земјава Со целосна  одговорност, во 33 години стаж, можам да кажам дека во мојата пракса  не е случен ниту проблем на некое дете  од вакцинирањето.   Вакцините кои ги користиме  се безбедни, сигурни, набавени од реномирани  фирми  од  Франција, Белгија, Бугарија, кои поседуваат  лиценци за производство на вакцини,  по стандардите  на СЗО. Тие пред да ги употребиме се тестираат во Бирото за лекови.  Упатувам апел до сите млади родители, кои сум ги вакцинирал како деца, ете пораснале, формирале фамилија, не им се случило ништо лошо. Имајте потполна  доверба во вакцините, како што   Вие  пораснавте во здраво поколение, овозможете им го тоа и на Вашите деца. Не наседнувајте на   дезинформации, лаги и  шпекулации, кои се шират преку социјалните мрежи. За се што е нејасно дојдете  во нашата ординација се ќе расчистиме– изјави д-р Пандели  Божиков. 

Вакцинирањето на училишните деца покажува дека  од Ди-Те на 7 годишна возраст е 85% а на 13 годишна возраст е 93 отсто.  На Полио на 7 години процентот е 85 а на 13 години е 93 отсто.  За МРП за 7 годишна возраст е дури 98% за тетанус кој се прима на 18 години е 86 отсто.  ХПВ вакцината а 86% девојчиња на 12 годишна возраст.

 Од  2015-та година од август започна да се применува поливалентна петто и шесто валентна вакцина. Бенефитот од неа е што се намалува бројот на убоди  кај децата од 13 на 7 вакцини.  Децата се вакцинираат и од  стрептокока, која   е на  доброволна основа, не е задолжителна, и се врши по консултација со лекар  -педијатар . 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »