Петар Печков
Објавено: петок, 05 јули 2013
Повеќе од илјада велешани се потпишаа на петицијата против екстерното полагање, и со кое се бара тоа да се прогласи за пилот проект. Бројните технички пропусти кои се случија при полагањето, ги предизвикаа учениците, нивните родители но и професорите да го дадат нивниот потпис против екстерното полагање.Од вторникот до четвртокот, за три дена во Велес се собрани илјада потписи.
Радува фактот што покрај учениците и нивните родители има интерес и поддршка од самите професори и граѓаните кои ја препознаа и ја одобрија оваа иницијатива за прогласување на проблематичното екстерното тестирање за пилот проект вели Дејан Ристов кориднатор во Младинскиот образовен форум.
Поради големиот интерес продолжен е рокот за собирање потписи до петок 12 јули, се отвори нов пункт на плоштад Сармаале. Од 9 до 13 часот тука и попладне од 17 до 21 часот кај ресторан Панини, младите од МОФ ги собираат потписите, кои потоа ќе бидат предадени на Министерот за образование.
Тој пак се огласи уште вториот ден, дека овој чин е задоцнет и не може ништо да се смени. Но и покрај ваквиот негов став, велешани масовно се потпишуваат. Освен во Велес потписи се собираат и во 11 други градови во Македонија.
Tweet |