Петар Печков
Објавено: вторник, 05 февруари 2013
Во Шумското стопанство „Бабуна‘‘ од Велес кое е во рамки на ЈП „Македодонски шуми“, во тек е запишување на граѓаните за купување огревно дрво за наредната зима.
Пријавувањето на заинтересираните и уплатата е до 15 април годинава, а при тоа тие можат да добијат и попуст од 10 % за сите и 20 % за граѓаните корисници на социјална помош,што е согласно одлука на Владата.
Заинтересираноста на велешани по оваа одлука се зголеми. Цената е сосема прифатлива, за дабово дрво е 2.208 денари, а за бука 2.134 денари за метар кубен. Со ова нашите цени се поевтини од приватните складишта во Велес, потенцира Горан Наунчев, директор на Шумско стопанство „Бабуна‘‘ од Велес.
Тој информира дека граѓаните кои ќе уплатат пари навреме, до крајот на јуни годинава, ќе ги добијат и огревните дрва. По намалувањето на цените на огревните дрва во велешкото Шумско стопанство досега уплата извршиле 700 граѓани. Со огревно дрво се обезбедиле и над 150 социјални семејства.
Tweet |