Петар Печков
Објавено: вторник, 04 мај 2021
Иако во Велес има вакцинален пункт за лица над 75 годишна возраст, велешани од оваа возрасна група, добиле покана за вакцинација против ковид-19 во други градови. Има случаи на лица кои со СМС порака се испраќаат да се вакцинираат во Кавадарци, Гевгелија.
„Мајка ми има 87 години, ја известија дека треба да се вакцинира во Кавадарци. Зошто потреба од патување, кога може да се вакцинира во Велес“ – реагира синот на оваа велешанка.
Во друг случај сопругот на жена на возраст од 85 години беше во Здравстен дом, каде е вакциналниот пункт, за да праша како да постапи.
„Јас сум на возраст на 88 години се вакцинирав тука во Велес. Се пријави сопругата, нејзе ја испраќаат за Гевгелија. А гледам деак работи и овој пункт во Велес. Сигурно нема да патуваме, но што понатаму, дали и како за да се вакцинира – вели велешанец, кој во името на сопругата дојде да бара информации.
На поставеното прашање од Сакам да кажам, надлежните од Министерството за здравство со информација дека лицата биле поканети врз основа на податоците кои тие ги оставиле.
„Граѓаните добиваат СМС порака со закажаниот термин за вакцинација на бројот кој го оставиле за контакт во самото аплицирање на страницата vakcinacija.mk или пак на бројот кој го има во нивното медицинско досије доколку закажале термин преку матичен лекар . Доколку во пораката не се нивните податоци оние кои ги добиле, граѓаните треба да закажат повторно термин внесувајќи ги точните податоци на официјалната веб-платформа или кај матичниот лекар. На истата веб платформа граѓаните имаат можност да наведат на кој вакцинален пункт сакаат да се вакцинараат. Освен салите за масовна вакцинација, процеот непречено тече и во здравствените установи на постоечките авкцинални пунктови во Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Струмица, Прилеп, Велес, Кочани и Гевгелија„ – соопштија од Министерството за здравство.
Од утре, среда во Велес, во Здравствениот дом продолжува вакцинацијата за лица на 75 годишна возраст а третата пратка, како и втората е со кинеската вакцина „Синофарм“. Досега се вакцинирани повеќе од илјада лица, од највозрасната категорија.
Tweet |