Петар Печков
Објавено: среда, 22 јуни 2011
Неколкумина велешани минатиот викенд се качија на кровот на Грција Митикас, највисокиот врв на планината Олимп висок 2918 метри.
Тука беа Марјан Малинов, Иле Николовски и Марио Брлев и нивниот буграски пријател. Неколку метри пониските врвови Сколио 2912 и Скала 2866 беа освоени и од Златко Здравковски и Пепи Анѓеловски.
На фотографиите и е едно ,,засилување,, кочанчанецот Тоше Атанасов. Честитки за храбрите велешани кои го развиорија македонското знаме на покривот од Грција.
Tweet |