речник контакт

Велешани најчесто се расправаат семејно или меѓу соседски

Во пораст и омаловажувањата на полициските службеници

Петар Печков

Најчесто  минатата година  во Велес имало нарушувања на  јавниот ред и мир како резултат на семејни расправии или нарушени меѓусоседски односи, а помал број во угостителски објекти или на пофреквентните улици, што е резултат на превземените превентивни мерки. Ова е информацијата во годишниот извештај на Полициската станица  во Велес.

Наша проценка е дека реализирањето на планираните активности доведе до намалување на број на нарушувања на ЈРМ на ниво од изминатите години , на  вкупно 356 лани, додека 424 биле во 2012год. Од нив 320/375  биле на подрачјето на Велес, 36/49 на подрачјето на Чашка – велат од велешката полиција. 

 Така  лани имало регистрирано  198/158  физички напади. Во пораст е и омаловажувањето на службените лица  29 лани споредбено со 17 пред една година.  Меѓу позначајните проблеми се и чување животни без надзор 25/73  и викање, карање и непристојно однесување 37/44. 

Во 2013-тата година има помал број на  проблеми во училишните дворови, споредено со 2012-та, регистрирани се 3/7 нарушувања  во училиштата со физички напади.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »