речник контакт

Велешани не можат да се вакцинираат во Велес ако имаат термин во друг град, а други иако без термин се вакцинираат во Кавадарци

Министерството за здравство соопшти дека кога ќе дојдат на вакциналниот пункт во местото каде живеат, пациентите да ја покажат пораката за да се вакцинираат, но тоа не фукнционира оти сите вакцини во Велес однапред се распределни во „мој термин“

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, голем број на велешани, кои што добиле покана за вакцинација против ковид-19, преку СМС за во друг град,  отишле во вакциналниот пункт во  Велес, но не биле вакцинирани.  Тие се појавиле во Здравствен дом, каде се врши вакцинацијата,  но не примиле вакцина.

„Имаше повеќе лица, кои дојдоа и кој пораката од Министерството за здравство ја сфатија дека  иако имаат термин во друг град, можат да ја покажат СМС пораката и да се вакцинираат во својот. Така и сторивме, но не вратија, ни кажаа дека вакцини за нас нема“ - вели велешанка, на возраст од 68 години, која требало да се вакцинира во пунктот за масовна вакцинација во Кавадарци.   

Таа и десетина други велешани се повикуваа на јавно кажаниот став од Министерството за здравство  дека не е потребно граѓаните повторно да се пријават ниту на вакцинација.мк ниту кај својот матичен лекар, доволно било кога ќе дојдат на вакциналниот пункт во местото каде живеат, да ја покажат пораката која ја добиле односно каде пишува дека вчера имале термин за вакцинација. Од Здравствен дом Велес, потврдија дека имале случаи  на лица кои дошле да се вакцинираат кај нив а ги немало на листата.

„Немаме добиено никаков писмен документ од Министерство за здравство, како да постапуваме во овие случаи. Сите вакцини кои ги имаме се распредели во „Мој термин“  и немаме други за да можеме да вакцинираме надвор од листата. Имаше голем број на лица кои дојдоа и бараа да се вакцинираат а биле запишани во друг град“ - изјави д-р Пандели Божиков. 

Вакцинацијата во оваа здравствена институција ќе се одвива и утре, сабота а се изведува со кинеската „Синофарм“.  Од друга страна бројни велешани во текот на вчерашниот ден, иако не биле повикани на вакцинација, заминале во Кавадарци и биле вакцинирани од ковид-19.

„Јас и сопругот заминавме во вакциналниот пункт за масовна вакцинација во Кавадарци, имаме повеќе од 65 годишна возраст. Немавме покана, но сакавме и решивме да се вакцинираме.  Приложивме лична карта, не` вакцинираа, ни дадоа датум за втора доза, немаше никаков проблем“ - вели брачен пар од Велес. Потенцираат дека како нив имало и повеќе нивни сограѓани, кои ги познаваат и се вакцинирале во Кавадрци, иако немале покана за вакцинација.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »