Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 јануари 2011
Мирен празничен викенд покажуваат податоците на надлежните служби. Четири лица се ,,начукале,, за најлудата ноќ од кои двајца се малолетници а една од нив е девојка, другите двајца по 25 години.
Ова велат од велешката Болница е најмалата бројка последните години. Затоа пак постарите претерале во јадење. Десетина случаи се регистрирани на 2-ри јануари со мачнина од преголемо конзумирање на храна.
Од СВР Велес за празничниот викенд регистрирале само ЕДНА кражба и тоа на СД плеер од автомобил.
Делови од Велес, населбата Керамидна и околината, Новата година ја пречекаа во мрак, поради испад на системот. Во текот на 1-ви јануари имаше –немаше струја и населбата Тунел поради пожар во трафостаницата.
Tweet |