речник контакт

Велешани низ минатото

Групи музичари, општинари, ученици, митинг, на манастир, хористи, велешани заедно низ минатото низ стари фотографии повеќе и од еден век

Петар Печков

ТРМР ви нуди можност да ги видите велешани збрани за разни поводи во голем број  а на различни локации во градот, децении наназад. На овие фотографии се учениците  во основното училиште  во село Теово од 1940-та и таа е од професорката Вера Гајдова, која ги поздравува сите кои ќе се препознаат на неа. На следната се општинските работници во Срезот  Велешки од 1934-та, подарок од Љупчо Данов. 

Има и фотографија од собирањето на манастир, секој четврток по Велигден. Таа слика е од 1918 година. Има и фотографија од политички митинг во Велес, слика од 30-тите. Има и две фотографии со музичари, првата е од турско на почетокот  на минатиот век а втората е создадена подоцна.  Една фотографија е со членовите на Градскиот хор фотографирани пред црвкатра Св. Спас. Овие фотографии зборуваат за општествениот живот кој го имало во Велес, без оглед на системот  и владеењето.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »