Петар Печков
Објавено: вторник, 20 февруари 2007
Почетокот на велигденските пости, жителите на Велес со години наназад го одбележуваат со посна трпеза а на менито е едно јадење, бел грав.
Така е со децении а овој ден е познат меѓу народот како „Чист понеделник“.
Традицијата за овој ден е поврзана со зимата која заминува и доаѓањето на пролетта кога почнува чистењето на домовите, куќите и дуќаните, како и со прочистувањето на луѓето од тешките зимски јадења.
Колку велешани ја почитуваат оваа традиција, покажува и тоа што секој прв понеделник по Прочка, традиционалното бело гравче е редовно на менито на работничките мензи во сите фирми во градот.
Денот е повод за дружење така што по старите велешки маала организирано се собираат соседите и заеднички се подготвува трпезата. За добро расположение тука е и музика во живо, па често се случува ручекот да се поврзе и со вечерата.
Така вчера (понеделник) беше и на Мегдан каде се подготвија десетина килограми грав, за околу стотина добронамерници гости и случајни минувачи.

Tweet |