Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 јули 2021
Велешани очекуваат киното, кое првата и единствена проекција ја имаше на 11-ти октомври лани, на свеченото отворање, да почне со прикажување на филмови. Откако по поуштањето на протоколите за работа, поради корона вирусот. со работа продолжија кината низ земјава, надежта кај гледачите е дека тоа ќе се случи и во Велес.
„Време е кино салата во „Бели мугри“ да почне со кино проекции. Може и со ревии на филмови произведени во различни држави, кои изминатите недели ги имаше повеќе низ градовите од земјава. Но за жал ниту една не дојде во Велес“ - велат велешани.
На поставеното прашање до локалната власт, кога со работа ќе започне градското кино, чија опрема и простор се во сопственост на Општина Велес, немаше прецизен одговор.
„Интензивно се работи на отпочнување со работа на киното во Велес“ - кажаа од Општина Велес. Целиот проект за обезбедување опрема и прилагодување на салата за кино проекции ја чинеше локалната власт, 76.430 евра.
Лани како понуда во градот, група млади ентузијасти одржаа неколку проекции на филмови на отворено со автомобил.
Tweet |