речник контакт

Велешани пеш до Лопушник, да му оддадат почит на Рацин

Еколошката групација Зелена сила го организира шестдневниот планинарски марш

Петар Печков

ЕГ Грин Пауер од 8 до 13 јуни 2019 од сабота до четврток, за прв пат  организира шест дневен планинарски марш од Велес до Лопушник  -Кичевско, во чест на Кочо Рацин – револуционер , вонвременски великан на Македонската поезија и една од најсветлите точки во поновата наша историја. 

Маршот се организира по повод 76 години од неговото загинување на 13 јуни 1943 на Планината Лопушник. На него ќе учествуваат дваесетина учесници. 

Вкупна должина на маршот  е 156 км. 

Вкупен број етапи/делници за поминување шест

Вкупен број ноќевања пет.

Патеката поминува низ Општините Велес, Чашка, Долнени, Македонски Брод, Пласница и Кичево при што учесниците го промовираат Рацин во преку 20 села во овој реон.

 

СТАРТ на турата е на  8 јуни - сабота во 5.00 часот од центарот на Велес пред споменикот на Кочо Рацин. КРАЈ на маршот  е на 13 јуни  четврток на Лопушник, на местото на загинување на великанот каде планинарите ќе се спојат со делегацијата на Општина Велес и заеднички ќе се поклонат пред спомен обележјето.

Прва етапа -8 јуни, сабота  Велес– Манастир Св. Преображение во село Согле. Се поминува низ  Горно Оризари, Еловец, Стара Чашка, Голозинци , над село Мелница преку седлото Просница се стигнува до Согленски Манастир. Вкупна должина на етапа 32 км, 12 часови одење,

Втора етапа  9 јуни, недела  Mанастир Согле – Планинарски Дом Стровија. Се поминува низ селата Согле, Богомила, Гостиражни и Стровија. Вкупна должина на етапа  21 км. 8 – 8.5 часови одење

Трета етапа -10 јуни, понеделник - Село Стровија - Превој Барбарас -Македонски Брод. Се поминува низ селата Долгаец, Зрзе и велелепниот манастир Зрзе. Вкупна должина на етапа  27 км  11 до 11.5 часови одење

Четврта етапа 11 јуни, вторник  Mакедонски Брод – Кичево.Се поминува низ општина Пласница и низ селата Русјаци, Долни Ораовец, Лисичани, Челопеци, Староец , Бигор Доленци. Вкупна должина на етапа  30 - 32 км.

Петта етапа 12 јуни, среда : Кичево – село Извор. Се поминува низ селата Србјани, Манастирски Доленци, Брждани, Јудово, преку планина Голјак кон селата Малкоец и Извор. Вкупна должина  26 км.

Шеста етапа 13 јуни, четврток. Извор - Лопушник.Вкупна должина  20 км 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »